Episodes

Friday Jun 07, 2024
Friday Jun 07, 2024
Во оваа епизода на нашиот подкаст, ќе се фокусираме на различните хобија и активности што можат да се прават во Германија за време на слободното време.
Ќе зборуваме за учество во клубови, здруженија и волонтерски организации и за тоа како овие активности можат да помогнат во запознавање нови луѓе и создавање нови пријателства. Зборуваме и за концепти, пристапност и понуда на различни курсеви.
Уживајте во епизодата и споделете - кое е вашето хоби во Германија?

Friday May 31, 2024
Friday May 31, 2024
Од први јуни стапува на сила промена во законот за странци, кој овозможува виза за барање на работа во Германија базиран на основни услови и систем на поени (Chancenkarte). Зборуваме за условите, процесот на апликација и можностите кои ги отвора. Дискутираме за тоа дали е оправдана еуфоријата поврзана со неа, дали има потенцијал да успее и дали ќе ја исполни својата цел- да го намали недостатокот од квалификувани работници во Германија.
Провери дали се квалифицираш за Chancenkarte тука:
https://www.make-it-in-germany.com/de/visum-aufenthalt/self-check-chancenkarte

Friday May 24, 2024
Friday May 24, 2024
Денес слушате како се слави свадба во Германија, кои се најчестите обичаи, што се случува во матично и во црква-и каде повесело се слави :)

Friday May 17, 2024
Friday May 17, 2024
Во денешната епизода слушате што и како се бира, кој се кандидира, како се одвиваат избори во Германија и други поврзани теми. Ако имате право на глас или ако едноставно ве интересираат претстојните избори во ЕУ слушнете тука, на вашиот омилен подкаст :)
Барање за внес во избирачки список
Wahl-O-Mat

Friday May 10, 2024
Friday May 10, 2024
Во оваа епизода збориме за државни и религиозни празници во Германија, посебни празници во покраините, која покраина има најмногу неработни денови и како да искористиме најмногу слободни денови околу празници

Friday Apr 26, 2024
Friday Apr 26, 2024
Каде одиме на одмор кога не одиме во Македонија, каде најчесто патуваат Германците, каде и кога да букираме, препораки, искуства - за тоа и сè друго поврзано со летен одмор слушате во денешната епизода на Петочно во Германија :)

Friday Apr 19, 2024
Friday Apr 19, 2024
Како патуваме до Македонија и назад, кои проблеми можат да настанат при летови и како може да направите повраток на пари при задоцнет или откажан лет-слушнете во последната епизода на Петочно во Германија :)
Линк до агенцијата, која е спомната во епизодата
https://soep-online.de/

Friday Apr 12, 2024
Friday Apr 12, 2024
Си муабетиме за носталгија, како и дали ја чувствуваме, што ни помага во справување со неа.
Сподели со нас како размислуваш на оваа тема и дали те фаќа носталгија, посебно сега пред празници :)

Friday Apr 05, 2024
Friday Apr 05, 2024
Што е важно кога се бара стан во Германија, како се бара стан, кирија, комуналии, сметки, струја-ако те интересира оваа тема и деталите околу неа, слушни ја оваа епизода.

Friday Mar 29, 2024
Friday Mar 29, 2024
Слушнете како се слави Велигден во Германија, кои обичаи и традиции се слични со нашите, а кои различни. Уживајте во слободниот ден и слушајте не и понатака секој петок :)



