Петочно во Германија - со Марина и Панче

Единствениот подкаст за Македонци во Германија

Listen on:

  • Apple Podcasts
  • YouTube
  • Podbean App
  • Spotify
  • Amazon Music

Episodes

Friday May 31, 2024

Од први јуни стапува на сила промена во законот за странци, кој овозможува виза за барање на работа во Германија базиран на основни услови и систем на поени (Chancenkarte). Зборуваме за условите, процесот на апликација и можностите кои ги отвора. Дискутираме за  тоа дали е оправдана еуфоријата поврзана со неа, дали има потенцијал да успее и дали ќе ја исполни својата цел- да го намали недостатокот од квалификувани работници во Германија.
Провери дали се квалифицираш за Chancenkarte тука:
https://www.make-it-in-germany.com/de/visum-aufenthalt/self-check-chancenkarte
 

Friday May 24, 2024

Денес слушате како се слави свадба во Германија, кои се најчестите обичаи, што се случува во матично и во црква-и каде повесело се слави :)

Friday May 17, 2024

Во денешната епизода слушате што и како се бира, кој се кандидира, како се одвиваат избори во Германија и други поврзани теми. Ако имате право на глас или ако едноставно ве интересираат претстојните избори во ЕУ слушнете тука, на вашиот омилен подкаст :) 
 
Барање за внес во избирачки список
Wahl-O-Mat

Friday May 10, 2024

Во оваа епизода збориме за државни и религиозни празници во Германија, посебни празници во покраините, која покраина има најмногу неработни денови и како да искористиме најмногу слободни денови околу празници

Friday Apr 26, 2024

Каде одиме на одмор кога не одиме во Македонија, каде најчесто патуваат Германците, каде и кога да букираме, препораки, искуства - за тоа и сè друго поврзано со летен одмор слушате во денешната епизода на Петочно во Германија :) 
 
 

Friday Apr 19, 2024

Како патуваме до Македонија и назад, кои проблеми можат да настанат при летови и како може да направите повраток на пари при задоцнет или откажан лет-слушнете во последната епизода на Петочно во Германија :) 
Линк до агенцијата, која е спомната во епизодата
https://soep-online.de/
 
 
 
 

Friday Apr 12, 2024

Си муабетиме за носталгија, како и дали ја чувствуваме, што ни помага во справување со неа.
Сподели со нас како размислуваш на оваа тема и дали те фаќа носталгија, посебно сега пред празници :) 

Friday Apr 05, 2024

Што е важно кога се бара стан во Германија, како се бара стан, кирија, комуналии, сметки, струја-ако те интересира оваа тема и деталите околу неа, слушни ја оваа епизода.

Friday Mar 29, 2024

Слушнете како се слави Велигден во Германија, кои обичаи и традиции се слични со нашите, а кои различни. Уживајте во слободниот ден и слушајте не и понатака секој петок :) 

Friday Mar 22, 2024

Во оваа епизода разговараме за интеграцијата во Германија и што е потребно за успешна интеграција. Се фокусираме на различните аспекти и на тоа како нашите можат да си го олеснат процесот на интеграција

Copyright 2024 All rights reserved.

Podcast Powered By Podbean

Version: 20241125