Episodes

Friday Nov 08, 2024
Friday Nov 08, 2024
Во оваа епизода, ја имаме честа да разговараме со специјална гостинка – Наташа Мицкоски, адвокатка од Македонија, која е успешна во својата професија и тука во Германија. Главната тема на епизодата е процесот на развод, но исто така разговараме за нејзиниот личен пат, предизвиците со кои се соочувала и како успеала да најде работа по струка во Германија.
Доколку сте заинтересирани за правни совети или едноставно сакате да слушнете инспиративна приказна за успех во странство, оваа е вистинската епизода 😊
Ако Ви треба правен совет или ако имате уште прашања поврзани со дипломата од правен факултет од Македонија и како да се искористи во Германија, Наташа ќе ја најдете тука https://www.facebook.com/natuska85или тука во канцеларија https://www.walbach-zimmer.de/
Карти за Наум Петрески и Зуица Лазова (на 30 Ноември во Хилден) има тука https://www.facebook.com/profile.php?id=61552280247805
Правна основа за дејност како странски адвокат § 206 BRAO - Einzelnorm
Линк од организацијата спомната во епизодата https://www.berami.de/

Friday Oct 25, 2024
Friday Oct 25, 2024
Во оваа епизода разговараме за дополнителните услуги што ги нудиме покрај нашите главни професии – судски преводи (Марина) и советување (Панче). Одговараме на често поставувани прашања, вклучувајќи информации за испитот за судски преведувач во Германија, како да нарачате преводи, цените и начинот на плаќање. Панче ги објаснува неговите бројни советнички услуги, како што се на пример пополнување формулари, општо советување, подготовка на CV, мотивациски писма, и враќање на средства од пензиски фонд – сѐ што ви треба за полесно совладување на бирократските предизвици во Германија.
Контактирајте нѐ тука:
Панче: causiconsulting.de
Марина: Facebook или на телефон, WhatsApp & Viber 0176 43242856
За испитот за државен преведувач, повеќе информации тука.
И не пропуштајте го концертот на Наум Петрески и Зуица Лазова на 30.11! Повеќе детали тука.

Friday Oct 11, 2024
Friday Oct 11, 2024
Денес зборуваме за Октоберфест – светски познатиот фестивал што секоја есен го претвора Минхен во центар на забавата, пивото и традицијата. Ќе дознаете како започнала оваа прослава, што ја прави посебна, и како Македонците во Германија ја доживуваат. Ќе зборуваме за обичаите, традиционалните костими и вкусната храна што го одбележуваат Октоберфест.
Октоберфест помина, ама вистинската забава допрва почнува! На 30.11 во Хилден ќе ја замениме германската традиција со македонски специјалитети, одлична забава со Наум Петрески и Зуица Лазова и незаборавна атмосфера. Да се собереме, да наздравиме и да покажеме како се прави вистинска македонска забава. Се гледаме таму!
Резервации на e-mail: info@makedonsko-sonce.de , 0716 72141049/0176 55686356

Friday Oct 04, 2024
Friday Oct 04, 2024
Книга vs. Kindle или Панче vs. Марина - во денешната епизода слушате што и колку се чита во Германија, какви читачки навики имаат Германците, за библиотеки, книжари и размена на книги на македонски јазик.

Friday Sep 13, 2024
Friday Sep 13, 2024
Слушнете што препорачуваме ние и споделете, кои би биле вашите препораки, за некој кој сака да се сели во Германија?
Се гледаме на 30.11 во Хилден, на Наум Петрески и Зуица Лазова :) Набавете си карти на време kaj МКЦ Македонско Сонце на info@makedonsko-sonce.de или телефонски на 017672141049 / 017655686356

Friday Sep 06, 2024
Friday Sep 06, 2024
Збориме за првите денови во прво одделение, книги, ужинки, родителски и сите убави работи поврзани со почеток во училиште. Среќно на сите првачиња, мнигу другарчиња и многу единици :)
Се гледаме на 30.11 во Хилден, на Наум Петрески и Зуица Лазова :) Набавете си карти на време kaj МКЦ Македонско Сонце на info@makedonsko-sonce.de или телефонски на 017672141049 / 017655686356

Friday Aug 09, 2024
Friday Aug 09, 2024
Во последната епизода пред летната пауза збориме за онлајн шопинг во Германија, споделуваме како секогаш наши искуства и препораки, и секако - актуелни статистики.
Ви посакуваме убав остаток од летото!

Friday Aug 02, 2024
Friday Aug 02, 2024
Тема инспирирана од нашето секојдневие со германски колеги: Какви се Германците како колеги и какво е нашето искуство со нив, слушнете тука.
Дали работите со Германци и кое е вашето искуство? Споделете на нашите социјални канали!

Friday Jul 26, 2024
Friday Jul 26, 2024
Минатата недела испазарувавме, денес готвиме: што се јаде во Германија, каква е културата на исхрана, кои им се омилени јадења итн., слушни денес во #petocnovogermanija

Friday Jul 19, 2024
Friday Jul 19, 2024
Денес зборуваме за тоа како пазарат Германците, во кои супермаркети е најевтино и како можете да заштедите. Споделуваме наши препораки и искуства и по некој совет на што да пазите при пазарење :)



