Episodes

Friday Feb 07, 2025
Friday Feb 07, 2025
Оваа недела ни гостува Андреј од DNK, кој ни открива детали за претстојниот концерт на 15-ти февруари во Хилден заедно со Андријана Јаневска!
Разговараме за патот на DNK во македонската музичка сцена, нивните хитови кои обединуваат генерации, инспирацијата зад песните и она што публиката може да го очекува на овој незаборавен настап.
🎶 Не пропуштајте ја оваа специјална вечер, организирана од Македонско Сонце Дизелдорф!
📅 15.02 – Stadthalle Hilden, Fritz-Gressard-Platz 1, 40721 Hilden🎟 Обезбедете си карти сега!📩 Контакт: info@makedonsko-sonce.de📞 Телефон: 017672141049 / 017655686356
🎧 Слушнете ја епизодата и загрејте се за концертот!

Friday Jan 31, 2025
Friday Jan 31, 2025
Во оваа епизода, повторно посебна и прекрасна гостинка :) Разговараме со Андријана Јаневска за нејзината музичка кариера, подготовките за настапи и значењето на македонската музика во Германија. Андријана споделува лични искуства од концертите, важноста на образованието во музиката и нејзините проекти за деца. Исто така, зборува за зачувувањето на македонските народни песни, хуманитарните настани во дијаспората и своите хобија. Не пропуштајте инспиративен разговор за животот, музиката и културата!
На 15-ти февруари ве очекува незаборавна забава во Хилден со Андријана Јаневска и ДНК!
Не пропуштајте ја оваа специјална вечер, организирана од Македонско Сонце Дизелдорф.
Обезбедете си карти сега!
Контакт: info@makedonsko-sonce.de
Телефон: 017672141049 / 017655686356
Stadthalle Hilden, Fritz-Gressard-Platz 1, 40721 Hilden

Friday Jan 24, 2025
Friday Jan 24, 2025
Во оваа епизода на нашиот подкаст со гордост го најавуваме специјалниот гостин – Стефан, еден од членовите на познатиот македонски бенд Next Time. Овој разговор ќе нè однесе зад сцената на нивната претстојна турнеја во Германија, каде што ќе зборуваме за тоа како нивната музика го освојува интернационалниот простор.
Стефан ќе ни раскаже инспиративни приказни од нивната кариера, почнувајќи од првите чекори на македонската музичка сцена до моментот кога станаа амбасадори на македонската култура низ светот.
Не пропуштајте ја оваа ексклузивна епизода, каде што ќе дознаете повеќе за плановите на Next Time, нивните очекувања од турнејата и што ги инспирира да продолжат да создаваат музика што остава траен впечаток.
Турнејата започнува на 28 февруари и ќе вклучи настапи во неколку градови:
📅 Датуми и локации:
28 февруари: Osterfeldhalle, Stuttgart
1 март: Technikum, München
14 март: KUZ Werkhalle, Мainz
15 март: Centrum, Düsseldorf
21 март: Kultur Palast Live, Hamburg
23 март: Columbia Theater, Berlin
Билети достапни на: www.legacyevent.de
🎧 Слушнете ја епизодата и дознајте повеќе!

Friday Jan 17, 2025
Friday Jan 17, 2025
Денес збориме за аплицирање на работно место во Германија и на што да се обрати внимание при пишување на CV. Освен тоа, ги најавуваме претстојните македонски настани во Германија :)

Friday Jan 10, 2025
Friday Jan 10, 2025
Во првата епизода за оваа година зборуваме за мотивација, посебно на работно место, и споредуваме актуелни статистики на оваа тема од Македонија и Германија.
Ако сакате, споделете во коментари колку сте мотивирани за работа и како се мотивирате :)

Friday Dec 20, 2024
Friday Dec 20, 2024
Во последната епизода за оваа година правиме ретроспектива на годината што помина. Се потсетуваме на сите епизоди од изминатата година, ги спомнуваме нашите гости и им се заблагодаруваме за нивниот придонес.
Понатаму, зборуваме за Божиќ во Германија, традициите, обичаите и како се прославува овој празник. Исто така, ги споделуваме плановите и очекувањата за Новата година. Уживајте во оваа празнична и рефлективна епизода!

Friday Dec 13, 2024
Friday Dec 13, 2024
Во оваа епизода зборуваме за систематските прегледи достапни во Германија и нивното значење за одржување на здравјето. Ќе дознаете кои прегледи се покриени од здравственото осигурување и колку често се препорачуваат.

Friday Dec 06, 2024
Friday Dec 06, 2024
Во оваа епизода разговараме со Каролина за нејзината успешна турнеја во Германија, енергичната публика, подготовките пред настап и одлично избраниот репертоар. Освен тоа таа споделува совети за здрав живот и разговараме на различни теми како популарноста во денешно време, важноста на квалитетот на музиката, а и предизвиците на преселбите и осаменоста.
Исто така, споделуваме лични впечатоци од нејзиниот концерт во Mainz. Spoiler alert: беше незаборавно!
Каролина има уште два концерти на 13.12 во Хамбург и 16.12 во Берлин, не пропуштај и купи си карти тука:
www.legacyevent.de

Friday Nov 22, 2024
Friday Nov 22, 2024
Систематските прегледи за деца во Германија се задолжителни и внимателно организирани за да се обезбеди оптимален раст и развој на секое дете. Овие прегледи се дел од редовната превентивна грижа што ја обезбедува здравствениот систем. Во оваа епизода детално зборуваме за лекарските превентивни прегледи во Германија – од првите месеци од животот на детето па сè до адолесценција. Што значат прегледите од U1 до U9 и зошто се толку важни?

Friday Nov 15, 2024
Friday Nov 15, 2024
It's beginning to co$t a lot like Christmas-периодот со најголема потрошувачка во цела година официјално започна. За да се издржат сите дополнителни трошоци, во Германија често се исплаќа Божиќниот бонус. Дознајте кој има право на овој бонус, колку изнесува, и како најпаметно да го искористите за време на празниците.
Линк до работилницата на Маја Achieve your goals in 2025-mu – Mayamj
и до нејзината веб страна Mayamj
Се гледаме на 30.11 во Хилден, купи си карта тука Концерт Наум Петрески и Зуица Лазова



