Петочно во Германија - со Марина и Панче

Единствениот подкаст за Македонци во Германија

Listen on:

  • YouTube
  • Podbean App
  • Spotify
  • Amazon Music

Episodes

Friday Jan 10, 2025

Во првата епизода за оваа година зборуваме за мотивација, посебно на работно место, и споредуваме актуелни статистики на оваа тема од Македонија и Германија.
Ако сакате, споделете во коментари колку сте мотивирани за работа и како се мотивирате :)

Friday Dec 20, 2024

Во последната епизода за оваа година правиме ретроспектива на годината што помина. Се потсетуваме на сите епизоди од изминатата година, ги спомнуваме нашите гости и им се заблагодаруваме за нивниот придонес.
Понатаму, зборуваме за Божиќ во Германија, традициите, обичаите и како се прославува овој празник. Исто така, ги споделуваме плановите и очекувањата за Новата година. Уживајте во оваа празнична и рефлективна епизода!

Friday Dec 13, 2024

Во оваа епизода зборуваме за систематските прегледи достапни во Германија и нивното значење за одржување на здравјето. Ќе дознаете кои прегледи се покриени од здравственото осигурување и колку често се препорачуваат.
 

Friday Dec 06, 2024

Во оваа епизода разговараме со Каролина за нејзината успешна турнеја во Германија, енергичната публика, подготовките пред настап и одлично избраниот репертоар. Освен тоа таа споделува совети за здрав живот и разговараме на различни теми како популарноста во денешно време, важноста на квалитетот на музиката, а и предизвиците на преселбите и осаменоста. 
Исто така, споделуваме лични впечатоци од нејзиниот концерт во Mainz. Spoiler alert: беше незаборавно!
Каролина има уште два концерти на 13.12 во Хамбург и 16.12 во Берлин, не пропуштај и купи си карти тука:
www.legacyevent.de 
 

Friday Nov 22, 2024

Систематските прегледи за деца во Германија се задолжителни и внимателно организирани за да се обезбеди оптимален раст и развој на секое дете. Овие прегледи се дел од редовната превентивна грижа што ја обезбедува здравствениот систем. Во оваа епизода детално зборуваме за лекарските превентивни прегледи во Германија – од првите месеци од животот на детето па сè до адолесценција. Што значат прегледите од U1 до U9  и зошто се толку важни?

Friday Nov 15, 2024

It's beginning to co$t a lot like Christmas-периодот со најголема потрошувачка во цела година официјално започна. За да се издржат сите дополнителни трошоци, во Германија често се исплаќа Божиќниот бонус. Дознајте кој има право на овој бонус, колку изнесува, и како најпаметно да го искористите за време на празниците.
Линк до работилницата на Маја Achieve your goals in 2025-mu – Mayamj
и до нејзината веб страна Mayamj
Се гледаме на 30.11 во Хилден, купи си карта тука Концерт Наум Петрески и Зуица Лазова

Friday Nov 08, 2024

Во оваа епизода, ја имаме честа да разговараме со специјална гостинка – Наташа Мицкоски, адвокатка од Македонија, која е успешна во својата професија и тука во Германија. Главната тема на епизодата е процесот на развод, но исто така разговараме за нејзиниот личен пат, предизвиците со кои се соочувала и како успеала да најде работа по струка во Германија.
Доколку сте заинтересирани за правни совети или едноставно сакате да слушнете инспиративна приказна за успех во странство, оваа е вистинската епизода 😊
Ако Ви треба правен совет или ако имате уште прашања поврзани со дипломата од правен факултет од Македонија и како да се искористи во Германија,  Наташа ќе ја најдете тука  https://www.facebook.com/natuska85или тука во канцеларија  https://www.walbach-zimmer.de/
Карти за Наум Петрески и Зуица Лазова (на 30 Ноември во Хилден) има тука https://www.facebook.com/profile.php?id=61552280247805
Правна основа за дејност како странски адвокат § 206 BRAO - Einzelnorm 
Линк од организацијата спомната во епизодата https://www.berami.de/

Friday Oct 25, 2024

Во оваа епизода разговараме за дополнителните услуги што ги нудиме покрај нашите главни професии – судски преводи (Марина) и советување (Панче). Одговараме на често поставувани прашања, вклучувајќи информации за испитот за судски преведувач во Германија, како да нарачате преводи, цените и начинот на плаќање. Панче ги објаснува неговите бројни советнички услуги, како што се на пример пополнување формулари, општо советување, подготовка на CV, мотивациски писма, и враќање на средства од пензиски фонд – сѐ што ви треба за полесно совладување на бирократските предизвици во Германија.
Контактирајте нѐ тука:
Панче: causiconsulting.de
Марина: Facebook или на телефон, WhatsApp & Viber 0176 43242856
За испитот за државен преведувач, повеќе информации тука.
И не пропуштајте го концертот на Наум Петрески и Зуица Лазова на 30.11! Повеќе детали тука.

Friday Oct 11, 2024

Денес зборуваме за Октоберфест – светски познатиот фестивал што секоја есен го претвора Минхен во центар на забавата, пивото и традицијата. Ќе дознаете како започнала оваа прослава, што ја прави посебна, и како Македонците во Германија ја доживуваат. Ќе зборуваме за обичаите, традиционалните костими и вкусната храна што го одбележуваат Октоберфест. 
Октоберфест помина, ама вистинската забава допрва почнува! На 30.11 во Хилден ќе ја замениме германската традиција со македонски специјалитети, одлична забава со Наум Петрески и Зуица Лазова и незаборавна атмосфера. Да се собереме, да наздравиме и да покажеме како се прави вистинска македонска забава. Се гледаме таму!
Резервации на e-mail: info@makedonsko-sonce.de , 0716 72141049/0176 55686356

Friday Oct 04, 2024

Книга vs. Kindle или Панче vs. Марина - во денешната епизода слушате што и колку се чита во Германија, какви читачки навики имаат Германците, за библиотеки, книжари и размена на книги на македонски јазик.
 

Copyright 2024 All rights reserved.

Podcast Powered By Podbean

Version: 20241125