Петочно во Германија - со Марина и Панче

Единствениот подкаст за Македонци во Германија

Listen on:

  • YouTube
  • Podbean App
  • Spotify
  • Amazon Music

Episodes

3 hours ago

Оваа Година ќе биде моја Година! Овој слоган многумина го изговараат во новогодишната ноќ. Кога старата година заминува и новата е пред прагот, најчесто правиме едно резиме за она што сме поминале, што сме оствариле, но и за она што не сме постигнале и оствариле. Од сето ова чуввствуваме желба да промениме нешто во нашиот живот. Почетокот на новата година е токму идеален повод тоа и да го направиме, да престанеме да пушиме, да симене некое килце, да смениме фирма, позиција, да си го намалиме стресот, да си земеме повеќе време за нас и сите околу нас, да почнеме нов бизнис..... 
Новогодишните желби/одлуки се едно но праксата е сосем поинаку. Зошто ни е толку тешко да се придржуваме до нашите новогодишни желби и одлуки и како можеме успешно да да ги спроведеме во пракса? За ова ќе слушнете во дешната епизода.  

Friday Nov 28, 2025

Во оваа епизода зборуваме за улогата на македонската дијаспора, важноста на новата Национална стратегија за дијаспора 2025–2030 и што значи државата конечно да нè препознае како клучен партнер. Споделуваме лични размислувања, очекувања и надежи за иднината на дијаспората.

Friday Oct 03, 2025

После подолго време пак сме назад! Во оваа епизода зборуваме што се случуваше кај нас – нови работни места, нови предизвици и ново место за живеење. Разговараме и општо за новите работни места, промените и она што следува во наредните месеци за Македонците во Германија. Опуштена епизода за враќање во тек со нашите случувања :)
 
 

Friday Jun 13, 2025

52. Стоиоте пред промена на работа или активно барате нова професионална можност? 
Тогаш сега е совршеното време да размислите што очекувате од вашиот иден работодавец. Еден важен фактор што може значително да влијае на вашата кариера, вашиот развој и напредок е големината на компанијата. Без разлика дали станува збор за мала фирма или голема корпорација - и двете опции носат свои предности и недостатоци. 
Без разлика за која опција ќе се одлучите на крајот - најважно е да ја работите својата работа со задоволство!

Friday Jun 06, 2025

Оваа епизода е посветена на нешто поголемо од секој од нас – на солидарноста, хуманоста и силата на заедницата. Зборуваме со Ана и Марко од иницијативата Support Koсani – млади, паметни и инспиративни луѓе, кои веќе повеќе од два месеца несебично работат за да им помогнат на семејствата погодени од трагедијата.
Ќе слушнете за тоа како започна сè, со какви предизвици се соочуваат, но и колку добрина се крие меѓу нас – и во Македонија, и во дијаспората.
Оваа епизода е повик – не само да слушате, туку да почувствувате. И ако можете – да помогнете.
Како да донирате:
Страната на иницијативата https://supportkocani.com/
(таму ќе ги најдете сите потребни податоци и информации)
 
Ве покануваме и на големиот хуманитарен фестивал во Mainz – оваа недела, 8 јуни!
Сите собрани средства ќе бидат донирани преку Support Kocani.
 
Настапуваат:
КУД „Свети Никола“ – Мајнц, КУД „Шара“ – Тетово, Василија Петрова, Сања Зделар, Група МИЛЕНИУМ, Каролина Гочева. Водители на целиот настан: Тино & Атанас.
Очекувајте македонска музика, традиција, вкусна храна и заедништво – сè во знак на поддршка за Кочани!
Дојдете во што поголем број и заедно да покажеме дека хуманоста не познава граници!
Карти можете да резервирате на: www.legacyevent.de или да купите  директно на влез.
 

Friday May 30, 2025

Tема која не засега сите кои сме во работен однос, денес ќе зборувам на тема како да побарате покачување на платата.
 
Ќе слушнете кога е вистинскиот момент да побарате покачување на платата, како да се подготвите и што би требало да избегнувате да кажете кога разговарета на оваа тема со вашиот претпоставен.

49. Успех

Saturday May 17, 2025

Saturday May 17, 2025

Успех — збор што многумина го бркаат, а малкумина навистина го разбираат. Многумина веруваат дека богатството, славата или моќта ќе им донесат исполнетост. Но, што ако сè постигнеш, добиеш, успееш, имаш? Вистината за успехот е непријатна, бара жртва, налага соочување со сопствената слабост и храброст да дејствуваш спротивно на очекувањата на светот.
Биди храбар и слушај до крај!

Sunday May 04, 2025

Со какови прашања може да ве изненадат, работодавците, регрутерите или персоналните вработени при интервјуто за ново работно место или позиција. Како да одговорите и кои прашања од нивна страна немаат место во интервјуто за новата работа.

Friday Apr 25, 2025

Што точно значи Steuererklärung и зошто толку луѓе добиваат пари назад од државата? Во оваа епизода зборуваме од сопствено искуство: кога си должен да поднесеш годишна даночна пријава, како се пресметува повратокот, што може да се пријави како трошок – и што ако тоа никогаш досега не си го направил?

Sunday Apr 13, 2025

Германскиот даночен систем е сложен, но и многу структуриран и транспарентен. Денес ќе слушнете за различните видови даноци, како тие се наплаќаат и какво влијание имаат врз поединците и бизнисите.

Copyright 2024 All rights reserved.

Podcast Powered By Podbean

Version: 20241125